Се разболел еден човек од тешка болест и докторот му предвидел 3 месеци живот. Ама му рекол дека ако сака да поживее малку повеќе, да си земе една козичка, и да замине да живее на планина на чист воздух и мир. Го послушал човекот и после 2 месеци доаѓа пак кај докторот, насмеан до уши.
– Докторе, јас го послушав твојот совет, отидов да живеам на планина со една козичка и секое утро, напладне и навечер си правам попара, а некој пат дури и директно од козичката ќе легнам под неа додекаа таа пасе и си молзам млекце, оти ми е многу вкусно. И еве ме сега жив и пукам од здравје. Само сега козичката нешто не ми е добра, се разболе и не знам што и е, па ја водам да видиш, можеш ли некако да помогнеш.
Ја поразгледал докторот убаво, помислил, помислил, пак ја поразгледал, барал нешто во некоја голема книга, пак ја погледнал козата и конечно му рекол на човекот:
– Абе пријателе, гледај сега. Јас не сум баш ветеринар, не се разбирам многу, ама ова е прч бе…