Решил еден човек да се удави. Си стои тој на мостот со голем камен на вратот, гледа тажно надолу. Го видела една многу згодна плавуша, се стрчала кон него и се развикала:
– Господине, стојте! Чекајте малку!
– Што сакаш? – Мрачно, но со скриена надеж прашал човекот.
Плавушата му подала една кеса:
– Еве, земете ги и овие мачиња…