Крис Гурски отишол на одмор во Швајцарија и имал голема желба да си ја проба среќата во змејарството.
За жал веднаш по полетувањето сфатил дека тоа било лоша идеја.
Откако полетале од раб на планина со височина од 1.200 метри Крис и пилотот сфатиле дека туристот не е прикачен за леталото. Бидејќи пилотот заборавил да го врзе Крис за леталото, тој морал да виси на шипката две минути и 14 секунди, додека пилотот очајно се обидувал да управува со леталото со една рака и безбедно да го спушти на земјата.
За среќа токму во моментот кога Крис губи сила и повеќе не може да се држи, пилотот го спушта леталото близу до земјата. Крис ја скинал тетивата на левиот бицепс и морал да направи операција на десниот зглоб откако претрпел повреда при слетувањето.
Крис вели дека и покрај тоа што можел да загине, тој не му е лут на пилотот, но вели дека најлошото нешто што може да ви се случи додека летате со змеј е „некој да заборави нешто“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!