54-годишниот Били Воган истражувал со детектор за метал во оддалечено поле во близина на неговиот роден град Вајтхавен.

Тој пронашол чуден предмет за кој кога го здогледал помислил дека е дел од опрема за планинарење. Но, бидејќи не бил сигурен што всушност пронашол решил да му го испрати на пријателот.

Пријателот видно возбуден му кажал да дојде веднаш кај него. Неговата „опрема за планинарење“ е нараквица стара 4.000 години, направена од 22 каратно злато. Само златото вреди 12.000 евра, а самата вредност на нараквицата поради нејзината историска вредност допрво ќе се проценува и ќе биде многу поголема.

Били кој се занимава со оваа хоби само 6 месеци и работи како негувател го контактирал локалниот музеј дали неговото откритие е „богатство“ според законот за богатство од 1996 година. Ако се класифицира како „богатство“ Били ќе има обврска да го продаде на музејот по цена од Комитетот за проценка на богатство.

Златните нараквици од Бронзеното време се носеле околу вратот или зглобот како накит, се користеле за прикажување на богатство и статус, а честопати се давале како подароци на најблиските.

Сподели на Facebook
пати видено