Еден човек возел низ шума во близина на руското село Снегири, кога слушнал чудни звуци. Излегол од автомобилот и отишол да разгледа наоколу. Кога се приближил до местото од каде што доаѓал звукот, тој се изненадил од чудното откритие.
Човекот најде не 1 или 2, туку 20 преслатки, фрлени кученца, кои ако останеле таму ќе прегладнеле и ќе замрзнеле од студ. Најстарото од кучињата ги штитело помладите, иако и тоа било одвај 1 годишно. Останатите кученца биле на различни возрасти – од 1 до 1,5 месеци.
Што друго да се направи во оваа ситуација? Тој ги натоварил сите кученца во багажникот на неговиот автомобил и ги однел во својот дом. Вреди да се напомене дека овие животни претходно имале дом, бидејќи биле многу добро негувани и навистина е чудно зошто некој ги однел во шумата среде зима.
Сега хуманиот човек ги дели кучињата во добри раце, преку интернет. Неколку од нив веднаш биле посвоени од неговите соседи.