Уште пред „Аполо 17“ да слета на месечината на 11. декември 1972г., тројцата астронаути и контролата од НАСА веќе знаеле дека тоа ќе биде последната мисија на месечината. Што се случи со трката за освојување на месечината и зошто завршила само три години по првото слетување на неа?
Последниот човек на месечината
Кога Јуџин Сернан зачекорил на месечината во декември 1972 година, тој ја правел историјата. Не, се разбира дека тој не е првиот човек кој зачекорил на месечината, ниту преживеал преживеал фатално слетување. Чекорите на Сернан беа последните човечки чекори на месечината.
Извидниците на месечината
Заедно со Сернан, според историските книги на месечината зачекориле само дванаесет луѓе. Всушност, бројот е малку поголем, ако се смета и логистиката и луѓето кои вршеле разни мерења и тестирања на опремата, но само дванаесет луѓе стапнале со своја нога на површината на месечината. Од 1972 ниеден човек не се вратил ниту на површината на месечината, ниту пак во просторот околу неа. Сите вселенски летови биле ограничени на Земјината орбита.
Астронаутите од Аполо 17 знаеле дека тие ќе бидат последните луѓе на месечината
Кратењата во лунарната програма на НАСА почнале да се случуваат уште пред првото слетување на месечината. Уште пред Аполо 11 да слета на неа во 1969, предложената мисија Аполо 20 веќе била отпишана, бидејќи од НАСА решиле да ја користат постојната опрема наместо да конструираат дополнителни материјали. Подоцна мисиите 18 и 19 биле откажани со кратењето на буџетот на НАСА, присилувајќи ја организацијата да ги реорганизира фондовите за следните вселенски програми.
Штом еднаш сте го сториле тоа, зошто повторно да се мачите?
Нил Деграс Тајсон вели дека вселенската трка можеби навистина остварила научни чуда, но била финансирана во рамките на Студената војна. Штом Американците ги претркале Русите, и штом руската вселенска програма била ограничена на земјината орбита поради политички и финанскиски причини, Америка знаела дека победата е нејзина. Тогаш зошто да се мачат пак да одат на месечината?
Незнаењето е блаженство кога сте најдобрата земја на сите времиња
„Поистоветувајќи ја Студената војна со трката во освојување на месечината“, вели Тајсон, „САД си дозволија да ги игнорираат пресвртните моменти кои ги пропуштија“. Без оглед на впечатливите научни откритија и напредокот кој бил постигнат за време на мисиите Аполо, на федералната влада, како и на поголемиот дел од американското население не им било грижа – „Ги победивме Русите!“.
Сите геолошки јајца во една кошница
Кога мисијата Аполо 18 била откажана, повеќето од научната заедница коишто повеќе ги интересирала науката отколку геополитиката биле загрижени. Со мисијата требало да оди д-р Харисон Х. Шмит, геолог задолжен да ја проучи геологијата на месечината и да собере примероци за понатамошно проучуваање. Лобирале за негово вклучување во Аполо 17 и успеале. Заедно со Сернан, Шмит поминал близу три дена на посочината на месечината, а Роналд И. Еванс управувал со мисијата од вселенското летало.
Духот на мирот
Пред астронаутите од Аполо 17 да ја напуштат површината на месечината, оставиле плоча во спомен на нивното заминување, која вели:
„Овде човекот ги заврши неговите први истражувања на месечината во декември 1972г. н.е.
Нека духот на мирот во кој дојдовме се одрази во животите на целиот човечки род.“
Да отидете на месечината, но што потоа?
Како што забележува Тајсон, претседателот Кенеди и други јавно искажале силна заинтересираност за истражувањето на вселената. Младиот претседател постојано повикувал на тоа Американците да пратат човек на месечината и назад, но тука сѐ се сведувало на тоа. „Никој не сакаше да го потпише чекот, а кога тогаш некој мораше да го стори тоа.“
Пари, време, сомнеж
Постојаните кратења на фондовите причинија поголеми паузи во вселенската програма. Сателитите и вселенските станици се сосредоточија околу земјата. На никој повеќе не му беше грижа за месечината – вели Тајсон.
И покрај оддалеченоста, месечината не е заборавена
Во последно време финансиските средства и научните истражувања повторно се враќаат во фокусот на вселенските освојувања. Со последното лансирање на вселенското летало Орион, НАСА и приватните инвеститори се надеваат да ги обноват човечкото присуство во вселената. Наскоро месечината, а можеби и Марс во догледно време.