Пол Рејнард, ловец на злато со детектор за метал, заедно со неговиот колега биле на одмор кај пријател фармер во Балакастл, Северна Ирска.
Додека разговарале на темата барање злато пријателот му раскажал на 44-годишниот Пол дека во полето ја изгубил својата бурма. Пол како експерт на таа тема решил да се обиде да му помогне на пријателот.
Така Пол пронашол монети стари 500 години, вредни над 150.000 евра. Тој пронашол 84 монети, од кои некои датираат од раните 1500-ти, кога владеел кралот Хенри VIII.
Таткото на две деца од Кигли во Западен Јоркшир, вели дека кога ги видел монетите извикал: „Ова е моментот за кој сонувавме.“Пол објаснува дека во тој момент се чувствувал како да добил на лотарија, бидејќи не го очекувал ова во тој момент и целиот се тресел.
Барајќи ја бурмата Пол и неговиот пријател првин пронашле обична паричка и потковица, а веднаш потоа следело и богатството. Музејот во Улстер сега ја вреднува колекцијата, при што експертите велат дека може да вреди повеќе од 150.000 евра. За жал, пријателите не го најдоа венчалниот прстен при нивното пребарување на теренот.