Антонио Релој е 26-годишно момче од Филипините, кое што е родено со ретка форма на ихтиоза. Поради неговата болест кожата му е тврда, напукната и делува како изгорена. Неговата мајка го напуштила кога имал 12 години, по што Антонио го одгледала неговата баба. Локалните селани го малтретирале, му велеле дека е проколнат, зол дух, сениште.
Тој сакал да пазари во локалиот маркет и да оди во црква но сега е приморан да се крие во дрвена колиба во шумата затоа што селаните го прогласиле за „нечовечко суштество“. Хумани луѓе решиле да го згрижат Антонио и го одвеле во главниот град Манила, на лекување.
Антонио сонува еден ден да стане електричар и тој по цел ден слуша радио и разгледува како работат различни направи.
Тој вели: „ Кога бев дете многу сакав да си играм надвор. Луѓето велат дека сум дух и сега седам дома. Сонувам да бидам здрав и да имам работа, да станам електричар е мојот сон. Кожата ме боли кога се движам премногу. Се надевам дека луѓето ќе сфатат дека сум човек исто како нив.“
Неговата братучетка Џеселин Ребутар му помага и се грижи за него. Таа вели: „ Јас сакам да му помагам. Кога го гледам него сфаќам што значи да страдаш и да патиш. Тој е таков од 3-годишна возраст и како растеше се развиваше и болеста и стануваше се полошо. Сакам тој да има среќен живот, да учи и луѓето да бидат добри со него.“
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!