Човек чијашто партнерка била родена со две вагини на интернет сајтот Редит отворено разговарал за нивниот сексуален живот. За состојбата на неговата девојка дознал кога таа му кажала дека таа има „две нешта што повеќето девојки немаат.“
„По неколку минути погодување, се сетив. Беше доста интересен разговор.“
Веднаш потоа следувале прашања од другите корисници, при што некои прашувале зачудено, а други поставувале и непристојни прашања. Така еден го прашал што би претпочитал, две вагини или четири гради, на што тој му одговорил дека повеќе би сакал две гради и две вагини.
Потоа следувале коментари на жени со слична состојба:
„Јас сум жена родена со целосно оформени две матки (uterine didelphys). Во своите дваесетти сум, а дознав дека имам две вагини кога имав шеснаесет години. Ми кажаа дека би можела да забременам во било која од матките.“
Понатаму таа објаснува дека при раѓање би морала да се породи со царски рез, бидејќи нејзините матки се помали од вообичаено.