Роберто Есквивел Кабрера има огромен проблем за кој повеќето мажи би убиле да го имаат: пенис од 48.2 сантиметри. Но, педесет и двегодишниот Мексиканец вели дека џиновскиот орган и не некој благослов.
Големината на неговиот пенис прави да е невозможно да си најде работа, а исто така и роматнична врска. „Види до каде е, ми се спушта под колена. Не можам да правам ништо, не можам да работам. Јас сум хендикепиран и сакам властите да ме прогласат за лице со хендикеп и да ми дадат помош,“ пренесува Мирор.
Лекарот кој го прегледал џиновскиот пенис утврдил дека поголемиот дел од него е само кожа, додека вистинскиот пенис му е долг околу петнаесет сантиметри.
Најлошо о д сѐ е тоа што за неговата медицинска состојба нема медицинска историја, па не се знае дали напредува или е стабилна.
Во моментот, рекордот за најголем пенис во светот го држи Американецот по име Џона Фалкон, чијшто пенис е долг 24 сантиметри.