Четириесет и двегодишниот Хорацио Родригез се шокирал кога дознал дека причината за острите болки во градите била цела чепкалка за заби која завршила во неговото срце при јадење мезе.
Му се слошило во јануари и докторите му рекле дека има инфекција на срцето и го подложиле на антибиотици. Но, откако започнал да губи тежина, да искашлув крв и да трпи силни болки во градите, тој побарал и второ мислење.
Скеновите во болницата откриле дека има туѓо тело во срцето, па така го оперирале во болницата Фернандез во Буенос Аирес, Аргентина, за да го отстранат. Мислеле дека се работи за катетар кој бил вметнат во Родригез додека примал трансфузија на крв додека бил тинејцер. Но, по неколкучасовната операција, биле зашеметени кога нашле цела чепкалка во внатрешноста на виталниот орган.
Фернандо Кичеро, специјалист за срце од болницата, а Мирор изјавил дека ова е неверојатнои дека никогаш не виделе вакво нешто.
„Следниот пат кога ќе јадам салама или сирење, ќе внимавам на чепкалките да има закачено знаменца за да можам јасно да ги видам“, вели Родригез.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!