Додека се забележуваат рекордно високи и ниски температури низ целиот свет и нерециклираниот пластичен отпад продолжува да се собира во океаните, сосема е очигледно дека сега е времето да се преземат одредени акции за да се спаси планетата.

Рециклирањето на отпадот како што го правевме тоа досега очигледно не е најефикасно решение. Постои потреба за радикални промени во начинот на справување со нашиот отпад, и овој човек, Том Сзаки, автор, извршен директор и еко-револуционер, има идеја која може да промени сѐ – The Loop Project.

Старите времиња кога млекарот доставувал свежо млеко, а потоа ги земал празните шишиња кои му ги оставале пред врата, можат повторно да се вратат, но овој пат на начин кој ќе им ги смени животите на луѓето. Том бил уморен од неможноста да се избегне пластичен отпад при користење на одредени неопходни производи.

Тој дошол до идеја да се направат пакувања кои ќе можат повторно да се користат и да се полнат, а ова го презентирал преку неговиот проект наречен The Loop Project. Проектот функционира на едноставен начин, луѓето купуваат, а потоа посредници доаѓаат ги земаат празните садови и повторно ги дополнуваат.

Првин производите кои луѓето ќе ги нарачаат онлајн ќе им бидат донесени до дома во посебна Луп торба. И откако ќе се искористат производите се ставаат во истата торба и се бара да дојдат и бесплатно да ги земат од дома со цел да се исчистат и повторно да се наполнат со истиот производ.

Меѓу 25 брендови кои се приклучиле на проектот се Evian, Oral-B, Clorox, Gillette, Dove и други. Проектот ќе започне во мај 2019 година, со 5.000 клиенти во Париз и Њујорк, кои ќе ја тестираат идејата. Лондон, Токио, Сан Франциско и понатамошно проширување се планира во иднина.

Доколку целата иницијатива се покаже како успешна, во каталогот ќе бидат вклучени повеќе брендови, што значи повеќе пакувања што можат да се користат од повеќе луѓе. Целта на Луп е да се елиминира идејата за отпад и ако е успешна, тоа ќе биде еден голем скок за човештвото во иднина без отпад.

Сподели на Facebook
пати видено