Архивисти открија околу 2.400 невидени фотографии од Ground Zero во Њујорк, направени по нападите на 11 септември 2001 година, откако купиле CD-а на старо.
Се верува дека фотографиите биле направени од страна на градежен работник, кој сè уште не е идентификуван, бидејќи тие помогнале да се расчистат остатоците од Светскиот трговски центар после терористичките напади.
Д-р Џонатан Барџис и неговиот пријател ги откриле фотографиите откако случајно ги купиле на гаражна распродажба и тој вели дека морале да ги споделат бидејќи „тоа е правилно за човештвото“.
Барџис и неговиот партнер ги пренеле ЦД-ата на нивниот колега Џејсон Скот. Тие морале да користат програма за обновување на дисковите затоа што биле премногу оштетени. Вкупно, на дисковите има околу 2.400 слики.
Фотографиите од урнатините како и од градежните работници на местото на настанот, покажуваат колку биле уништувачки и катастрофални терористичките напади.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!