Страшната смрт на туристот кој ја напуштил пропишаната патека и паднал во врелиот извор во националниот парк Јелоустоун е отрезнувачко потсетување дека посетителите мора да ги следат правилата, велат ренџерите. Наприте да се извади телото на 23-годишниот Колин Натаниел Скот од Портланд, Орегон биле напуштени откако ренџерите утврдиле дека не останале никакви останки од него во термалниот извор.
Скот и неговата сестра Сејбл се оддалечиле околу 200 метри од пропишаната патека, по што Скот се лизнал и паднал во изворот. Неговата сестра повикала помош, но веќе ништо не можело да се стори. Од него останале само неколку лични предмети.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!