Роналд Бери кој работел како чистач во метрото во Њујорк тврди дека бил на боледување од 2015 година заради висок крвен притисок и астма.
Тој во период од 4 години си земал плата секој месец и вкупниот износ е 250.000 долари. 47-годишниот Роналд се правда дека не знаел дека бил отпуштен и поради тоа продолжил да си зема плата.
Полицијата уште се обидува да открие како Роналд кој бил отпуштен си останал на платниот список и редовно си добивал плата. Бери вели дека тоа не е негова вина и дека за тоа треба да си одговараат службениците кои не си ја завршиле својата работа, тој едноставно мислел дека сѐ уште е на боледување.
Целата работа била разоткриена кога Бери бил пријавен за упад во канцеларијата каде што пристигнал да си ја земе вообичаената плата. Еден од претпоставените го препознал и знаел дека е отпуштен па му станало чудно како човекот доаѓа да си земе плата.
Иако тоа што Бери не бил исфрлен од системот од агенцијата за вработување велат дека секоја блата била целосна и не е нагласено дека таа била поради неговото боледување кое никогаш не му било ниту издадено. Роналд си открил административен пропуст и решил да си го искористи, но за жал на неговата забава ѝ дојде крај.