Најголемиот полигамист во Канада, кој има 27 жени и 145 деца, вели дека не се согласува со легализирањето на полигамијата бидејќи тоа би можело да доведе до експлоатација на жените. Винстон Блекмур, лидер на полигамистичка мормонска фундаменталистичка група во Канада самиот е тужен од страна на канадската влада поради полигамија.
59-годишникот, кој е бискуп во полигамистичката Фундаменталистичка црвка на Исус Христос и Светците од Последните денови, пред своите верници во Солт Лејк Сити изјавил дека е против легализацијата на полигамијата, бидејќи се плаши дека тоа би можело да доведе до експлоатација на жените.
Блекмур, кој се оженил со 27 жени и има 146 деца, бил уапсен поради полигамија во 2007 година. Но, обвиненијата набргу биле отфрлени поради проблеми во избирањето на специјален обвинител.
„И тие смотани ми се зад петици дење и ноќе. Ќе имам и втора рунда со нив“, вели Блекмур. Тој вели дека Канада го изменила законот за брачни односи со цел за можат да го гонат. Блекмур тврди дека тој и неговите жени се всушност „пријатели“, и „и покрај тоа што сме само пријатели, тие нѐ обвинуваат за полигамија.“
Тој на својата публика ѝ кажал дека никогаш не ѝ се додворувал на ниедна од неговите жени и дека всушност тие му пристапиле и му предложиле брак.