Не е невообичаено да најдете неканети лилјаци, верверички и глувци на таванот, но еден човек се шокирал кога нашол нешто многу поневообичаено за тоа место – жена! Дејвис Валман се зачудил кога слушнал невообичаени звуци во горниот дел на неговата куќа во Грин Лејк, Вашингтон. Се обидел да ја отвори вратата, но таа била заклучена, и се нашол во невообичаена ситуација да тропне на врата во сопствениот дом, по што слушнал женски глас: „Џими? Ти ли си тоа, Џими?“

zn01 zn02

Неколку минути подоцна слушнал врева во поткровјето, но уште почудно било тоа што вревата се преместила во неговата канцеларија, и тогаш една црнокоса жена ја отворила вратата и тој се сретнал очи в очи со туѓинка во неговиот сопствен дом.

„Која си па ти?“, ја прашал. „Што бараш во мојата куќа?“

„Куќата е моја. Јас живеам тука. Тука сум три дена. Џими кажа дека можам да живеам тука“, му одговорила жената.

zn06 zn05

Во меѓувреме Валман повикал полиција, и се трудел да ја занимава жената додека да пристигнат полицајците. Тој вели дека нема поим како таа се нашла во неговта куќа.

„Да влезеш во ваква куќа, во вакво соседство, која очигледно е населена, си треба смелост за тоа“, вели збунетиот сопственик, кој оттогаш ги променил сите брави.

zn07

Сподели на Facebook
пати видено