Кога 36-годишниот Питер Еџ ја здогледал двометарската портокалова змија во тоалетната школка во канцеларијата на Црвениот Крст во Солихал, Британија, отпрвин мислел дека некој се шегува со него. Но, кога суштеството почнало да ползи, тој сфатил дека огромниот влекач е сосема вистински.
„Кога го видов, пред сѐ беше шок“, раскажува тој. „Не гледате секој ден такво нешто. Прво мислев дека гумена змија, но тогаш ја придвижи главата.“
Со помош на службеник од канцеларијата, тој успеал да ѝ ја ослободи опашката на змијата која била заглавена на задниот дел од казанчето, но кога се обиделе да ја фатат во кошница, таа успеала да им избега и брзо да исчезне во одводната цевка.
Ја повикале Кралската служба за превенција на суровост кон животните, но и покрај темелното пребарување на зградата и околината, не успеале да ја најдат.
„Оттогаш капакот на школката го држиме затворен, и повремено проверуваме да не си ја покаже главата, но не ја видовме повторно. Ги сакам змиите, но бев ужаснат кога стоев лице в лице со неа“, вели Еџ.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!