Човек кој купил свршенички прстен за 1100 долари не ја добил својата порачка бидејќи продавачот одбил да му го испрати дијамантскиот прстен кој всушност чини 34000 долари. Така Николас Батл од Бризбејн поднел тужба против златарницата Ројал Дајмондс од Сиднеј – и победил. Продавачот, кој поднел жалба, но изгубил, на крајот морал да му испорача на Батл прстен со дијамант од слична или повисока вредност. И згора на тоа морале да ги платат и судските трошоци во износ од 15 000 долари.

„Оваа фирма ќе се затвори поради ова“, изјавил директорот на Ројал Дајмондс. „Ќе го направиме тој прстен и потоа ќе ја затвориме фирмата.“

prs01

Судот пресудил дека Батл ја платил наведената цена на интернет страницата на фирмата. Откако порачал, добил потврда за направената нарачка. На крајот од деталите за неговата нарачка стоело:

„Ве молиме имајте предвид дека во случај овој дијамант да не е достапен, ќе ви се понуди дијамант со слична или повисока вредност или парите ќе ви бидат вратени во полн износ.“

prs05

Подоцна истиот ден Батл добил имејл од продавачот во кој стоело: „За жал дијамантот кој го избравте повеќе не е достапен. Дали има некој друг дијамант кој ви се допаднал?“

Батл на тоа одговорил: „Ако повеќе го нема тој дијамант, тогаш сакам сличен или со повисока вредност, како што стои на забелешката на вашата веб страница.“

Следувал одговор од продавачот:

„Цената за овој дијамант не беше точна, поради грешка во пишувањето. Вообичаено нудиме дијаманти со слична или повисока вредност, но за жал тоа во овој случај не важи. Ако не сте заинтересирани за некој друг дијамант, тогаш ќе ви го вратиме полниот износ. Се извинуваме за непријатностите.“

prs02

Откако продавачот одбил да го испорача прстенот, Батл ја однел работата на суд, каде што била донесена пресуда во негова полза, бидејќи „не бил склучен никаков договор меѓу двете странки и дека неговата порачка била прифатена, поради што продавачот е должен да го испорача прстенот и не може да ја откаже нарачката поради изговор за грешка.“

Сподели на Facebook
пати видено