Убаво вели поговорката: „Кој на друг јама копа, сам во неа паѓа!“. Хенри Хербиг освен што останал парализиран сега ќе заврши и во затвор. 65-годишниот човек испалнирал сѐ до последен детаљ, но го заборавил најважното…кармата.
Хенри не бил во добри односи со својата сопруга од која сѐ уште не се развел. Затоа тој решил да се ослободи од неа и да направи да изгледа како случаен грабеж. На денот на нападот, 65-годишниот маж го напуштил својот дом во Флорида возејќи еден автомобил, а за него закачил и влечел уште еден со кој требало да се врати.
Тој претходно постепено купувал флаши бензин за да не го фатат на камера како полни бензин, земал многу кеш за да нема записи дека користел кредитни картички и го оставил телефонот дома за да не го следат преку GPS. Во автомобилот ставил пиштол, палка, црни кеси за ѓубре, селотејп, стеги и слично.
Кога дошол пред куќата на својата сопруга тој ја видел неговата паштерка како излегува за да го прошета кучето, во тој момент тој ја удрил жената неколку пати по глава и влегол во куќата. Таму ја нашол сопругата и почнал и неа да ја удира со палка по главата, нанесувајќи и неколку скршеници.
Но, Хенри не очекувал дека жртвите ќе возвратат, ќерката на неговата сопруга му го земала пиштолот и му пукала неколку пати во рбетот со што го оставила парализиран. Веднаш повикала брза помош и полиција. Сега освен тоа што Хенри не може ниту да стегне тупаница, ниту пак некогаш повторно да оди, е обвинет за напад и планиран обид за убиство.
Неговиот адвокат вели дека нема поента да оди во затвор поради неговтаа состојба, бидејќи ќе мора да добива соодветна грижа која затворите ја немаат. Сепак судот одлучил дека тој е доволно богат за да испланира бегство и затоа ќе остане задржан во притвор додека не се донесе конечната одлука.