„Патник низ времето“ кој верува дека допатувал од 6491 година но заглавил во 2018 година, кога неговата машина за патување низ времето се расипала, наводно го поминал детекторот за лаги. Приказната на Џејмс Оливер била прилично сомнителна, но експертите за паранормалното велат дека биле запрепастени кога го ставиле на детектор за лаги, бидејќи резултатите покажале дека ја кужува вистината.
Оливер тврди дека живее во иднината, но бил испратен неколку века во минатото. Тој го поминал секое прашање.
„Вашите години се различни од моите. Од таму каде што сум јас годините се подолги. Мојата планета е подалеку од Сонцето од вашата, затоа и треба повеќе време за да се заобиколи. Но, ние имаме надарени математичари кои работат на пресметување на нашите години од оние на другите цивилизации.“, вели Оливер.
Иако човекот има акцент како да е од Бирмингем, со американски призвук, тој тврди дека е од вселената. Тој вели дека во иднината ќе се откријат повеќе видови и планети и дека ќе има борби помеѓу луѓето и вонземјаните.
Тој вели: „Ние постојано наоѓаме нови планети и галаксии секој ден. Поголемиот дел од тоа е ништо. Понекогаш го погодувате џекпотот и наоѓате интелигентен живот на нив. Наоѓате нови планети, нови еко системи. Постојат многу планети поинтелигентни од луѓето. Имаше некои конфликти, но многу од нив многу брзо беа ставени под контрола од федерацијата. Федерацијата таму е како сад за одржување на мирот.“
Според г-дин Оливер, глобалното затоплување ќе се влоши и нашата планета ќе стане потопла. Тој, исто така, вели дека постои систем на планетарни лидери на Обединетите нации за да се обезбеди мир. И тој вели дека е пријател со луѓе од други планети.
Оливер рекол дека има „ограничувања на она што може да го каже“, кога го прашале кој ќе биде следниот претседател на САД.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.