Кирби Еванс застанал во продавницата „Форкс Пит стоп“ во Волтерборо, Јужна Каролина со намера да јаде крофни и да си земе нешто за пиење, но се соочил со дискриминација.

65-годишниот човек, кој преживеал рак на кожата и останал без око и нос изјавил дека бил одвлечкан до канцеларијата на сопственичката Дона Алдерман, која му кажала дека треба да си го покрие лицето или да замине, бидејќи ги плаши купувачите.

„Зборовите кои излегоа од нејзината уста многу ме повредија.“, изјавил Кирби. Кога неговата ќерка, Бренди Еванс, дознала дека нејзиниот татко ја напуштил продавницата плачејќи започнала кампања на GoFundMe за да помогне во покривањето на трошоците за реконструктивна хирургија, која инаку била надвор од финансискиот дофат на Кирби. Досега, добиле донации во износ од околу 30.000 долари.

Сопственичката Дона во своја одбрана изјавила дека „немала избор“ и дека неговото присуство „ги бркало купувачите“. Исто така додала дека и таа има срце и дека не го нападнала Кирби туку „љубезно му објаснила“.

Ќерката напишала јавна објава до Дона во која објаснува дека нејзиниот татко не може да го покрие лицето на било кој начин од медицински причини.

Девојката напишала една важна порака: „Вие го дискриминиравте мојот татко поради начинот на кој изгледа. Еве еден совет до вас. Клекнете на колена и молете се никогаш да не добиете рак, затоа што ракот не дискриминира како вие што го направивте тоа на татко ми.“

Кирби вели дека повторно нема да сапне во продавницата на Дона и дека ќе продолжи да доаѓа во неговиот локален ресторан за брза храна, каде што отсекогаш бил добредојден.

Сподели на Facebook
пати видено