По петгодишното проучување на 177 луѓе кои самите ги стекнале своите милиони, Томас Корли открил дека сите тие избегнуваат една навика која луѓето ги чини многу: одолговлекувањето.
„Одложувањето дури и најнадарените личности ги лишува од можноста да успеат во животот“, пишува тој во својата нова книга „Промени ги своите навики, промени го својот живот“.
Ова оди рака под рака со тврдењето на писателот Наполеон Хол дека најбогатите луѓе се и најрешителните луѓе. Од петстотината милионери коишто Хил ги проучил во текот на раниот дваесетти век, „секој од нив ја има навиката бргу да донесува одлуки“, како што пишува во неговата позната книга од 1937 година „Мисли и збогати се“.
Една од најголемите причини за одолговлекувањето е недостатокот на страст, истакнува Корли. „Ние едноставно сакаме да ги правиме работите кои сакаме да ги правиме, а ги оставаме нештата кои не сакаме да ги правиме. Спред статистиката на Галуп, само 13 отсто од вработените се внесуваат и вложуваат целосно во својата работа“, пишува Корли. „Било да сте свесни за тоа или не, одложувањето е една од главните причини зошто во текот на животот се соочувате со финансиски маки. Таа лошо влијае врз доверливоста кај вашите работодавачи и кај вашите колеги. Исто така лошо влијае и врз квалитетот на вашата работа а ова се одразува на крајните резултати кои вие или вашите работодавачи ги добиваат од клиентите или бизнис врските.“
Добрата вест е што секој може да се одвикне од оваа лоша навика – и тоа е многу поедноставно отколку што си мислите. Корли истакнува дека „гласот на одолговлекувањето и во умовите на успешните вреска исто толку гласно колку и во главите на најголемите мрзливци“.
Како да го замолчите? Успешните луѓе се потпираат на листи на нешта кои треба да се направат. Зацртуваат крајни рокови и се грижат да соработуваат со доверливи партнери за да успеат да се држат до зацртаните цели и рокови. Исто како што и стравот е присутен кај сите, но храбрите се одликуваат со тоа што знаат да го контролираат, и нагонот за мрза е присутен кај сите – но успешните знаат како да го победат.