Фотографиите можат да ве вознемират! Александар бил пронајден од ловечки кучиња, откако поминал цел месец во мечкино дувло во далечниот регион Тува.
Мечката му го скршила ‘рбетот и го фрлила во задниот дел од дувлото за да може да го изеде кога ќе биде гладна.
Кафеавите мечки се познати по тоа што ја складираат или закопуваат својата храна и подоцна се враќаат да ја изедат. Александар бил веднаш префрлен во болница. Тој исто така изјавил дека за да остане жив ја пиел сопствената урина.
Ловците кои го пронашле со помош на нивните кучиња првин мислеле дека станува збор за мртво човек додека да сфатат дека Александар е сѐ уште жив. Од болницата велат дека човекот се сетил на своето име, но не можел да се сети на своето презиме и возраста.
„Локалните медицински лица велат дека не можат да објаснат како човекот ги преживеал таквите повреди“, се вели во извештајот. Регионот Тува е едно од омилените места за одмор на Владимир Путин.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!