Д-р Гери Вуд имал осумнаесет години кога тој и неговата сестра доживеале сериозна сообраќајна несреќа. Д-р Вуд и неговата тогаш 16-годишна сестра патувале кон дома кога удриле во неправилно паркиран автомобил. Неговата сестра поминала без гребнатинка, но Гери претрпел повреди опасни по животот, вклучително и тешки оштетувања на грлото и гласните жици, целосно откинување на носот и неколку сршеници.

rj02

Кога пристигнала брзата помош, тој бил прогласен за клинички мртов. Но, „бунтовниот тинејџер“, како што се опишува себеси на неговата веб страница, сѐ уште живо се сеќава на сѐ што му се случило пред педесет години. Разговарајќи со тв водителот Сид Рот во неговата емисија „Тоа е натприродно!“, д-р Вуд кажал дека по несреќата чувствувал силна болка, „и тогаш бев ослободен од секаква болка“ – вели тој, раскажувајќи дека потоа бил вознесен до рајот.

„Умирањето е исто како кога ќе ја соблечете облеката и ќе ја ставите на страна. Излегов од ова тело, од овој Земјин костум, и бев кренат преку покривот на мојот автомобил и целиот мој живот ми мина низ очите во еден миг. Тогаш бев вовлечен во еден вител од облак како инка кој стануваше сѐ посветол“, раскажува тој.

rj04

Своето вознесување во рајот го опишува како „екстаза, мир и смиреност“.

„Тогаш тој облак се отвори и видов еден огромен златен сателит кој виси во вселената и кој Библијата го нарекува рај.“

Д-р Вуд, кој е автор на повеќе книги за неговото наводно искуство, вели дека бил пресретнат од ангел кој бил најмалку 20 метри висок и кој стоел пред порти кои биле широки 800 метри.

„Тој имаше меч и прекрасна златна кадрава коса. Во градот имаше ангел кој држеше некакви книги. Имаше некаква размена на информации меѓу двата ангели и ми беше дозволено да влезам во градот“, раскажува Вуд, кој вели дека потоа негов пријател го прошетал низ рајот.

„Се сретнав со мојот најдобар другар од средно училиште кој загина во несреќен случај со косилка. Тогаш мојот другар ме поведе на прошетка низ местото наречено Рај. На околу 500 метри од престолната просторија на Бог, вниманието ми го привлече знак на кој пишуваше „Неподигнати благослови“. Кога ја отворив вратата, на мое запрепастување видов нозе како висат од ѕидовите, вистински нозе. Во таа просторија го имаше секој дел од човечката анатомија, и кога прашав зошто, одговорот беше – За Бог да има резервни делови за своите чуда.“

rj03

Д-р Вуд раскажува и за тоа како го сретнал Исус. „Ме пратија назад за да раскажувам дека Рајот навистина постои, има песна која треба да се испее и мисија или патешествие на кое треба да се тргне, има книга која треба да се напише. Вие сте единствени во својата цел на Земјата.

Исус ми кажа да пренесам порака – ќе има дух на обнова кој ќе превагне на целата земја, ќе се јави учење и ќе се даде акцент на молитвата.“

rj01

Назад на Земјата, неговата помлада сестра силно го извикувала неговото име, надевајќи се дека Гери ќе оживее, врисок за кој тој вели дека тој и неговите пријатели го слушнале во рајот.

„Додека мојот пријател ме водеше низ рајот, кога Сју започна да плаче, мојот пријател ми кажа: Мораш да се вратиш, таа го употребува тоа име. И така, веднаш ме вратија назад во моето тело. Забележаа знаци на живот, ме одведоа во болница да ме стабилизираат.“

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено