Како и секој 1 во 50.000 луѓе, Џоо Ланкастер страда од ретката здравствена состојба наречена Тричер – Колинсов синдром. Нарушувањето го погодува развојот на коските и ткивото додека плодот се наоѓа во матката, предизвикувајќи деформации на лицето. Покрај тоа што треба да се надминат медицински пречки, постојат и емоционални проблеми поврзани со несигурноста поради нивниот физички изглед. Џоно признава дека му биле потребни повеќе од дваесет годинида го засака своето лице и затоа сека се обидува да ги убеди децата со Тричер-Колинсов синдром да се сакаат себеси.

На Џоно можеби му требале преку дваесет години да го засака своето лице, но денес триесетгодишникот се сака себеси таков каков што е, и е подготвен да го споделува своето просветление.

tcs1

Отпатувал во Австралија да се сретне со 2- годишниот Закари Валтон кој страда од истиот синдром.

tcs2

Во Австралија се запознал и со други такви деца.

tcs3

Инспиративниот човек продолжува да шири љубов и охрабрување, уверувајќи ги децата дека не се сами и дека се прекрасни.

tcs4

Во интервју за „Адвертајзер“, Џоно вели: „Ќе беше убаво да запознав некој како мене кога бев помлад…некој кој има своја работа, љубовен партнер и кој ќе ми речеше – и ти можеш да ги постигнеш овие нешта.“

tcs5

За неговите прекрасни заложби можете да се информирате повеќе на неговата Facebook страница.

Сподели на Facebook
пати видено