Научниците верваат дека човечкиот мозок може да помни десет пати повеќе информации отколку што се мислеше досегга. Нема сомнеж дека можеме да помниме многу нешта – но колку меморија имаме на располагање со години остануваше прашање за дебата помеѓу истражувачите. Но, сега истражувачите од Калифорнија веруваат дека конечно го нашле одговорот на ова прашање, така што изработиле 3D модел на хипокампусот – делот од мозокот одговорен за помнењето.

mm

Со испитувањето на разликата во големина помеѓу синаптичките парови, тие успеале да определат дека кај синапсите има дополнителна сложеност којашто досега никој не ја увидел.

„Ова е вистинска бомба во полето на неврологијата“, вели биологот Тери Сејновски. „Нашите нови мерења на мозочниот капацитет за помнење десет пати ги зголемуваат досегашните конзервативни проценки, до капацитет на петабајт, што отприлика одговара на севкупната Интернет мрежа.“

Сподели на Facebook
пати видено