Владетелот на Дубаи наредил прочистување на управата на градот-држава, вклучувајќи и отпуштање на деветмина, еден ден по неговата ненадејна проверка на владините канцеларии во 7:30 наутро, кога видел дека значителен број вработени се отсутни.
Во недела неговата влада објавила видео на Инстаграм со него како изведува ненадејна посета на Одделението за земјиште и Одделението за економски развој и ги нашол празни. Оваа негова постапка, според претставник за односи со јавноста на Дубаи била со цел „да прати порака.“
Шеикот Мухамед бин Рашид ал-Мактум лежерно се прошетал по празната канцеларија и ги разгледувал книгите на вработените. Минал крај негов врамен портрет на ѕидот, но не можел да најде никој со кој би поразговарал.Владите околу Заливо се обидуваат своите бирократии да ги направат поефикасни бидејќи ниската цена на нафтата врши притисок врз државните финансии, па така потегот на шеикот Мухамед е само еден од подраматичните потези во таа насока.