Еден богат човек имал ЧЕТИРИ ЖЕНИ . Најмногу ја сакал ЧЕТВРТАТА, и и се восхитувал најмногу. Се грижел за неа и и го давал само најдоброто…

Исто и ТРЕТАТА ја сакал многу, и сакал да им ја покажува на своите пријатели, но секогаш се плашел да не ја изгуби заради некој друг.

И ВТОРАТА ја сакал, таа била многу внимателна, стрплива и секогаш имал доверба во неа. Кога и да имал проблеми, се обраќал кај неа за помош, а таа му помагала да ги преброди и да ги реши сите проблеми.

ПРВАТА жена му била секогаш лојален партнер, се грижела за неговото здравје, за бизнисот и за домаќинството, но тој не ја сакал толку многу. И покрај тоа, таа него го сакала толку длабоко што тој и не ги забележувал нејзините знаци.

Еден ден тој се разболел тешко и бил свесен дека ќе умре наскоро. Погледнал во своето богаство, во своето минато и си рекол во себе:

– Имам ЧЕТИРИ ЖЕНИ, а наскоро ќе умрам и ќе немам ниедна, колку ќе бидам осамен!

Тогаш ја прашал ЧЕТВРТАТА ЖЕНА :

– Ти давав се најдобро, најдобра облека, се грижев за тебе како за никој друга, но наскоро ќе умрам. Ќе ме следиш ли и ќе се грижиш ли за мојата компанија?

Таа му одговорила:

– Нема шанси!

Нејзиниот одговор како нож му го прободел СРЦЕТО.

Ја прашал ТРЕТАТА ЖЕНА :

– Те сакав и се грижев за тебе, сега тебе ти е ред да го продолжиш моето дело и да ја водиш мојата компанија?

Таа му одговорила:

– Не, овде ми е подобро, овде секогаш ќе се сеќавам на тебе!

Тој се почуствувал ОТФРЛЕНО.

Ја прашал ВТОРАТА ЖЕНА:

– Секогаш кога имав потреба се обраќав кај тебе и ти несебично ми помагаше. Ќе ми помогнеш ли сега, да ја водиш мојата компанија?

Таа му одговорила:

– Жалам овој пат не можам да ти помогнам. Јас само можам да те испратам кога ќе заминеш!

Тој се почуствува УНИШТЕНО.

Во истиот момент милно му се обратил еден глас и му рекол:

– Ќе бидам со тебе и ќе одам секаде каде што ќе одиш и ти!

Погледнал и ја видел својата ПРВА ЖЕНА, таа била толку слаба и истоштена, како да гладувала долго време.

Тој ја погледнал и и рекол:

– ТРЕБАШЕ ДА СЕ ГРИЖАМ МНОГУ ПОВЕЌЕ ЗА ТЕБЕ, ТОГАШ КОГА МОЖЕВ !!!

 

Сподели на Facebook
пати видено