Починале тројца мажи и завршиле пред портите на рајот. Таму им било кажано дека секој од нив ќе добие возило, според делата кои ги правеле на Земјата. Првиот маж се појавил пред Господ и Господ го прашал:
– Колку години беше во брак?
– 20 години! – одговорил првиот маж.
– А колку пати ја изневери жена ти? – прашал Господ.
– Па… 5 пати, – посрамено одговорил човекот.
– Штом е така еве ти еден Форд Фокус, дизел, – рекол Господ.
Вториот маж дошол пред Господ и тој рекол дека е 40 години во брак. Кога Господ го прашал колку пати ја изневерил неговата жена човекот рекол: „Само 2 пати…“ Господ тогаш му ги дал клучевите од ново БМВ 420.
Дошол на ред и третиот маж.
– Колку години си бил во брак и колку пати ја имаш изневерено жена ти? – го прашал Господ.
– 60 години бев во брак и какво е тоа прашање јас никогаш не сум ја изневерил мојата жена, – одговорил човекот.
Господ импресиониран од чесноста на третиот маж му подарил ново Ферари.
Неколку дена подоцна мажите со Форд и БМВ се возеле по рајот и на патот го сретнале човекот со Ферари како плаче. Тие застанале и едниот од нив го прашал:
– Зошто плачеш? Да не му се случи нешто на твоето Ферари?
А човекот со плачлив глас одговорил:
– Не бе, Ферарито си е супер, туку пред малку видов дека и жена ми починала и ја видов како вози едно скапано Југо.

Сподели на Facebook
пати видено