Ајнштајн еднаш кажал цврсто убеден дека законите на термодинамиката се единствената теорија за универзумот која никогаш нема да биде побиена. Но, сето тоа се изменило минатиот месец кога научници од Националната лабораторија при Чикашкиот универзитет нашле дупка во системот – која би овозможила прекршување на вториот закон за термодинамиката. Ова откритие може да има огромни импликации за нашето разбирање на универзумот, а особено затоа што тоа би ни овозможило еден ден да создадеме функционални перпетуум мобиле машини.

fz01

Овие машини, кои порано биле сметани само за гола теорија, би можеле да работат бескрајно без да бидат снабдувани со енергија. Ако би се поврзале со електрични централи, тие би можеле да нѐ снабдат со бескрајна енергија.

Четирите закони на термодинамиката ги поставуваат правилата за нашиот универзум, и биле поставени од физичари и инженери кои се труделе да ја зголемат ефикасноста на парните машини во средината на 19. век. Законите определуваат како температурата, енергијата и ентропијата (мерка на квантниот хаос) работат заедно за да создадат и уништуваат материја. Сѐ, од создавањето на најмалиот атом, па до колапсот на далечните црни дупки, подлежи на овие четири закони.

fz02

Но, истражувачите нашле дупка во Вториот закон на термодинамиката кој се однесува на преминот на енергијата во рамките на еден систем од употреблива до неупотреблива. Вториот закон е причината зошто нашите мобилни телефони и лаптопи треба да се полнат, и зошто и нашето сонце еден ден ќе умре. Тој закон гласи дека енергијата не може да се повторува во бесконечен круг во затворен систем, и затоа мора да се надополнува тоа што ќе се изгуби.

Но, физичарите од Аргонската национална лабораторија во Чикаго нашле начин како да се премости Вториот закон, со што би можеле да се произведат машини кои произведуваат бесконечна енергија. Веќе се направени и некои мали перпетуум мобиле машини како доказ за овој концепт и се објавени на Јутјуб од страна на аматерите инженери и физичари. Во основата на Вториот закон стои дека ентропијата – мерката на квантен хаос кој ја придвижува секоја честичка во нашиот универзум – постојано се зголемува. Истражувачите тврдат дека можат да го премостат ова правило, овозможувајќи постојаното зголемување на ентропијата да се придвижи во спротивна насока.

Сподели на Facebook
пати видено