Тие не трошат пари за себе, затоа што буџетот го контролира жената. Одамна немаат пријатели, затоа што им е забрането да излегуваат сами. Ако некогаш сепакк се случи да излезат, тие постојано гледаат во телефонот, за случајно да не пропуштат повик од најважната личност во семејството – жената. Ако познавате некој кој тргнал на таа страна, препратете му го постот :).
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си, бе?
Тој:
– Го шетам кучето.
А таа:
– Ај клоцни го, да слушнам како квичи!
Неодамна влегов во брачните води и жената се нервира зошто секој ден ја терам да ги крева нозете. Извинете госпоѓо, ама станот мора да се мете.
– Душо, треба да ти признам нешто. Имам љубовница.
– Знам, драги.
– Таа ли ти кажа?
– Не, туку љубовникот, за кого сакам да ти кажам …
Мажот на телефон:
– Мими, кога последен пат јас и ти се „плеснавме“?
– Извинете, а кој се јавува?
– Што се измешани чувства?
– Кога жена ти ќе ти каже „Спиев со сите твои најдобри пријатели, но твојот е најголем!“
– Јас мојата, на раце ја носам!
– А мојата не пие!
Жената му вели на мажот:
– Душо, измислив начин како да чувствувам задоволство од се*сот со тебе, иако сме 10 години во брак?
– Како?
– Ќе си плаќаш!
– Комшија, твојата жена многу вика за време на секс.
– Неее!!!
– Тоа не беше прашање…
– Женo, нешто ми падна крвниот притисок!
– Кажи што сакаш повеќе – кавга или да одам да ја удрам колата некаде!?
– Синко, сакам да те прашам нешто …
– Не, не сум геј, мамо.
– Како знаеше дека тоа ќе те прашувам!?
– Женска интуиција…
Маж се приближува кон убава девојка во супермаркет.
– Ја загубив својата жена. Може ли да позборувам со вас?
– Зошто?
– Затоа што секој пат штом ќе прозборам со убава девојка, жена ми веднаш изникнува од нигде, никаде!
Си разгледувам јас во една продавница за рибарска опрема и влегува еден пар. Мажот ѝ покажува на жената една јадица и вели:
– Жено, еве ваква јадица сакам да ми купиш за подарок.
Сопругата го прашува продавачот:
– Колку чини?
– 1000 денари.
Потоа го прашува мажот:
– Не е ли малку скапа драги?
– Скапичка е но затоа пак е многу квалитетна.
Ја плаќаат и излегуваат. Веднаш се истрчувам и јас по исто таква квалитетна јадица, но продавачот ме пречекува со зборовите:
– Извинете, јадицата чини 6000 денари. Човекот дојде пред 1 час и остави 5000. Останатите 1000 беа за пред жена му…
Маж и жена решиле да си купат Рено. Сепак им недостасувале 500 евра. Мислеле, мислеле и се сетиле дека мажот има доста богата колешка. И одлучиле мажот да побара од неа 500 евра. Отишол тој, се вратил и и рекол на жена си:
– Жено, ќе ни даде, ама прво сака да преспијам со неа…
Жената не размислувала многу. Автомобилот убав, мажот грд… Го пуштила.
се враќа нашиот наредното утро, носи 500 евра, а жената го натерала да и раскаже се. И тој почнал:
– Вечера, малку пиење и легнавме во постела. Таман да почнеме, таа извади од некаде една пчела, ја стави во моите гаќи, таа ме испокаса и почнавме. Дуро до пред малку.
Жената, станала многу љубопитна, па и таа фатила една пчела и вечерта кога легнале, таа ја извадила пчелата му ја ставила во гаќите и почнале…
Утредента таа се разбудила со блажена насмевка, а мажот станува и вели:
– Одам да го купам Реното.
Жената:
– Какво Рено бе!?! Оди на пазар и купи неколку сандаци за пчели!!!
– Знаеш ли што ми одговараат жените кога ќе си побарам с*кс?
– Не…
– Точно!
Жената не сака многу од еден маж, доволно и само еден добар збор, една топла прегратка и… безусловна послушност!
Мажот ѝ вели на жена си:
– Маро, прочитав дека за време на с*кс, мажот согорува онолку калории колку што би согорел ако истрча 9 километри.
– Многу бе… 9 километри за две минути…