Кучето од расата бордер коли по име Чејсер, кое беше прогласено за „Најпаметното куче во светот“, поради нејзиниот импресивен талент да препознае над 1.000 зборови, почина во домот на нејзиното семејство во Јужна Каролина.
Чејсер починал минатата недела, а како причина се наведува природна смрт. Неговите сопственици ја објавија веста на Фејсбук страната која беше посветена токму на крзнениот генијалец.
„Со голема тага сакаме да ве известиме дека во Вторникот, на 23-ти Јули, 2019-та година, во домот на семејството Пајли, Чејсер ги доби своите крилја, придружувајќи му се на Џон Пајли за нивната следна авантура“- гласеше објавата на семејството.
Според истото, последните моменти на Џејсер биле исполнети со спокојство и мир.
Истиот веќе подолго време бил болен, но и бил подложен на третмани за негово заздравување. За жал, минатата недела здравствената ситуација на Чејсер се влошила, при што кучето починало.
Семејството на миленикот му посака добредојде во 2004-та година, кога Д-р. Џон Пајли го доби како подарок од страна на неговата сопруга. Џон минатата година ја изгуби битката со леукемијата.
Во 2010-та година, Џон се прослави кога ги наполни весниците, откако објави научна студија за негово куче кое имаше неверојатни способности, односно го разбираше човечкиот јазик.
Поточно кога Чејсер наполни 3 години, веќе имаше научено имиња на 1022 играчки преку играњето со истите. Во 2013-та година, неговиот сопственик Џон го објави целиот процес на кој кучето било тренирано, а учењето започнало уште во првите недели по вселувањето на Чејсер.
Односно, кога Чејсер правел нешто, Џон ќе го изговорел гласно името на дејството и така полека кучето веќе ги поврзувало дејствата со зборовите на неговиот сопственик.
На 5 месеци, Чејсер веќе осознал дека и играчките може да имаат свои имиња. Џон ќе одберел играчка, а потоа со повторување на нејзиното име, набрзо и кучето ги препознавало сите зборови и имиња.
Чејсер поради неговиот извонреден талент сосема заслужено беше прогласено за „Најпаметното куче во светот“, при што имаше способност да учи по дури 10 нови зборови на ден.