Видеото е снимено од кабината на турски камион кој чекаше ред за да плати мито. Полицаецот откако си стави нешто во џебот од нашиот, влезе во турскиот камион и си побара 100 лири (околу 1000 денари), за да не му прави детална проверка на багажот, па да му најде 300 други мани. Интересно е што полицаецот научил и турски за да може да оперира на патот.
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.