Бугарката сакала малку да го „возбуди“ нејзиниот сопруг кој бил на печалба во Англија. Така оваа мајка на 20-годишен син, решила да сними видео во кое ќе го „провоцира“ нејзиниот сакан. Но, за жал нејзиното „домашно видео“ добило многу повеќе публика отколку што таа сакала.
По грешка жената го објавила видеото на Фејсбук, каде што го виделе нејзините 2.000 пријатели. Срамниот инцидент се случил во селото Туховишта во југо-западното бугарско подрачје Сатовча. На видеото, средовечната жена ги милува своите голи гради, зборува „валкано“ и ги лиже усните. За среќа видеото било набрзо отстрането.
Според локалните медиуми, нејзините пријатели и семејството сѐ уште се во шок откако виделе дека видеото се појавува во нивната почетна страна на Фејсбук. Нејзиниот сопруг, наводно, бил вознемирен поради инцидентот и одбил да разговара со неа неколку дена потоа.
Исто така нејзиниот 20-годишен син изјавил дека не сака да се врати во државата во наредните 5 години поради срамот кој го предизвикала неговата мајка. Во меѓувреме жената се обратила кај блиски пријатели за да ѝ помогнат да го надмине срамот на социјалните мрежи.
Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.