На овие неверојатни фотографии може да се види како будистичкиот монах има насмевка на лицето откако неговото тело беше ексхумирано од неговите следбеници два месеца по смртта. Познатиот монах Луанг Пхор Пјан почина на 92-годишна возраст на 16-ти ноември минатата година, откако бил однесен во болница во главниот град на Тајланд, Бангкок.

Пјан, кој по потекло е од Камбоџа, го поминал поголемиот дел од својот живот како добро познат будистички гуру во централната тајландска провинција Лобури, каде што неговото тело било вратено по неговата смрт. Оваа недела, кога неговите следбеници го извадиле телото од ковчегот, кој се чувал во храмот каде што служел, тие биле шокирани колку телото било добро сочувано.

Според извештаите монасите го извадиле неговото тело за да му облечат на починатиот нова, чиста облека. За некое чудо, трупот на Пјан се насмевнувал, а следбениците го фотографирале и го објавиле на социјалните мрежи.

Следбениците на монахот ќе продолжат да се молат за него, додека тој конечно не биде оставен на почива во мир на церемонијата што ќе се одржи на 100-тиот ден по неговата смрт.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено