Лорен Вагнер и нејзината пријателка Сара Рагамуфин се возеле по патот во Аделаида, Јужна Австралија, кога забележале кенгур како лежи на патот. Лорен забележала дека животното се помрднало и помислила дека е живо, па и кажала на пријателката да застанат.
Но кога се приближила до кенгурот сфатила дека се работи за прегазена женка која веќе била мртва, но нејзиното малечко сѐ уште било во нејзината торба. Лорен внимателно го извадила малото кенгурче, на кое му го дале името Јаник.
7-месечното кенгурче потоа го однеле во засолниште за кенгури и тоа тежи 1,2 килограми и моментално е во добра здравствена состојба.