Пауните вообичаено не се сметаат за особено страшни суштества, но ужасот на ова девојче е толку вистински што се претвори во вистинска интернет сензација. На социјалните мрежи била објавена слика со девојче кое бега од паун, насловена како „Нашата посета на зоолошката не испадна според планираното.“
Сликата веднаш им послужила на Фотошоп мајсторите кои не можеле да одолеат да ја изменат сликата, за да ја направат уште посмешна, додавајќи ликови како принцот Чарлс и Т-рекс од „Паркот Јура“.