Овие слики се грозоморни и брутални, но мора да се прикажат поради нивната важна порака – тие ја креваат свеста за често незабележаните штетни последици на обезшумувањето ширум светот.
Слоганот на овие огласи кој гласи:„Кога ќе замине едно дрво, заминува и едно диво животно“ ја носи основната поента на овие злокобни слики – кога веќе ја сечете природната средина на животните, земете па направо испоубијте ги и сите нив. Дождовните шуми содржат околу 80 посто од светскиот жив свет, така што нивното брзу уништување во Јужна Америка и Азија претставува сериозен проблем.
Креативниот и уметнички директор Ганеш Прасад Ахараја, заедно со издавачот Каушик Кети Рој ги креирале овие социјални огласи за Sanctuary Asia, едно од првите списанија за природната околина во Индија.