Михаил Попков бил поранешен полицаец и семеен човек, кој има ќерка. Неговото семејство и пријателите не се сомневале дека овој „човек на правдата“ помеѓу 1992 и 2010 година убил 78 жени, па можеби и повеќе.
Најужанскиот убиец во Русија наречен „Врколак“ изјавил дека убивал за да ги казни „неморалните жени“. Тој успешно водел двоен живот и многу луѓе верувале дека е невин, сѐ додека во 2015 година не била донесена првата пресуда. Но, сега се заклучи дека тој всушност убил многу повеќе отколку што властите се сомневале.
За време на судската расправа вчера органите не можеле да докажат дали конечниот број на жртви е 81, затоа официјално морале да заклучат дека 54-годишниот Михаил убил 78 жени. Попков тврдел дека сакал да го исчисти својот роден град Ангарск во Сибир од „проститутки и неморални жени“.
Тој ги силувал повеќето свои жртви, а потоа ги касапел со ножеви, секири и шрафцигери. Некои од жртвите имале 145 па дури и до 170 убоди. Врколакот изјавил дека чувствувал задоволство додека ја гледал болката на неговите жртви. Неговите жртви биле на возраст од 18 до 50 години.
Михаил ги таргетирал жените кои работат на улица или они кои се доволно опуштени да влезат со него во колата за да се „забавуваат“. Тој исто така наоѓал жртви со неговото службено полициско возило нудејќи им превоз до дома на жртвите.
Она што ги изненадило сите во судницата е што Попков останал смирен кога ја слушнал пресудата за доживотен затвор, но се вознемирил и кренал паника кога му кажале дека е лишен од неговиот чин како полициски поручник и дека нема да прима пензија од околу 300 евра месечно.
Неговата сопруга Елена, која сега го сменила идентитетот и се преселила, но сѐ уште не е разведена од Попков, не знаела за злоделата на нејзиниот сопруг бидејќи тој никогаш не покажал такво однесување, ниту пак имало некакви траги на него. Неговата ќерка сега работи како учителка и исто така не сака да има било каква врска со нејзиниот татко.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!