Алибаба овие денови ги објави кварталните резултати од својот бизнис и покажа колку огромна станува оваа кинеска интернет компанија. Еве некои интересни резултати од извештајот. Во трите месеци завршувајќи со јуни, на платформите за е-купување на Алибаба биле потрошени 109 милијарди долари, што прави 34 отсто на годишно ниво. За споредба, на eBay се потрошени само 20 милијарди долари.
Приходот на Алибаба од овие продажби изнесува 3.3 милијарди долари, што изнесува „само“ 28 отсто годишен растеж и е под очекувањата на аналитичарите од Волстрит. Според податоците соберени од Блумберг, во последните три години, приходите во последните три години растат во просек за 56 долари.
Алибаба, компанијата којашто минатата година имаше најголема првична јавна понуда во историјата на њујоршката берза, во износ од 25 милијарди долари, објави дека во следните две години ќе откупува свои акции во износ од 4 милијарди долари.
Вообичаено технолошките компании ги откупуваат назад своите акции кога имаат прилив на кеш од профитабилните бизниси, но немаат доволно добри можности за инвестиции (такво нешто направиле и Apple, Microsoft и Oracle).
Но, тоа не значи дека Алибаба не прави неверојатни инвестиции. Компанијата ќе инвестира над 4.5 милијарди долари во Санинг, кинески препродавач на електроника и електронски уреди. Компанијата вели дека партнерството ќе овозможи доставка во времетраење од два часа за 150 градови.
Алибаба веќе има понуда за достава за еден ден за 41 кинески градови, што до крајот на оваа година ќе нарасне до 50 градови. Исто така започна и со доставка на прехранбени намирници во истиот ден за градовите Шангај и Пекинг.
Како и Амазон, Алибаба поседува платформа за е-купување со брз растеж и претставува број еден таква платформа во Кина, што сепак претставува мал дел од севкупниот бизнис на компанијата, донесувајќи профит од само 78 милиони долари.
Меѓународниот бизнис на компанијата е сѐ уште мал и со спор пораст во споредба со останатиот бизнис, изнесувајќи девет отсто од севкупниот приход.
Потрошувачите на Алибаба купуваат повеќе на мобилен отколку на компјутер. Педесет и пет проценти од сите купувања на сајтовите за е-купување на Алибаба биле изведени преку мобилен, изнесувајќи 1.3 милијарда долари.