– Докторе, не можам да заспијам.
– Замислете си купче од 10.000 денари, со банкноти од по 100 денари и започнете броите. По некое време ќе заспиете.
Наредниот ден:
– Што се случи, помогна ли?
– Па не баш. Бројам, бројам и 9.900 ми излегуваат. Бројам пак и пак и сѐ една стотка ми фали и не можам да заспијам од нервози.
Докторот:
– Добро тогаш, предлагам да се вратиме на класичниот метод. Вечерва кога ќе си легнете, започнете да броите овци.
Третиот ден човекот пак доаѓа кај докторот.
– Што се случи, броевте ли овци?
– Нема да ми верувате докторе. Броев овци, броев и таман да заспијам, стигнав до последната овца, а таа ме погледна во очи и ми рече:
„Абе, што се случи со оние 100 денари?“