Оливол Исленами, кој е поранешен стоматолог, на почетокот од оваа година, проповедал надвор на улиците во северен Лондон, кога му пришле двајца полицајци.
Случаен минувач ја повикал полицијата, обвинувајќи го Оливол за ширење на говор на омраза.
Проповедникот признава дека го во своите говори го опишувал исламот како „аберација“ т.е отстапување од нормалното, но инсистира дека едноставно сакал да го изрази својот став како христијанин, а не да ги деградира муслиманите.
„Луѓето сакаат тој да си отиде од тука, никој не сака да го слуша тоа“- изјави еден од полицајците кои го извршија апсењето со објаснување дека Оливол го нарушувал јавниот ред и мир.
Видеото од инцидентот го снимил друг минувач, а на истото може да се види како полицаецот насилно ја одзема Библијата од рацете на проповедникот, кој пак е видно вознемирен.
Истовремено, може да се слушне како еден од полицајците на Оливол му вели: „Требаше да размислите за тоа, пред да бидете расист.“
Набрзо откако бил приведен во полициската станица, проповедникот бил пуштен, а сега се огласи и Скотланд Јард, која одлучи да му исплати штета на Оливол во вредност од 2800 евра, поради неправедно и понижувачко апсење.
64-годишниот Оливол Илесанми го отпоздрави исплаќањето на штетата во негова корист како победа за слободата на говор, откако претходно беше неправедно уапсен за наводно ширење на исламофобија.
„Верувам дека Бог ги сака сите, вклучувајќи ги и муслиманите, но јас имам право да кажам дека не се согласувам со исламот, на крајот на краиштата, ние живееме во христијанска земја“- изјави тој.