Сали Џонс, британската жена која заедно со нејзиниот млад син побегнала на територија држана од ИД, тренира жени кои не се од арапскиот свет за напади во земјите од англиското говорно подрачје. Џонс, која е бивша панкерка, стана една од најбараните жени терористи откако во 2013 година го напушти родниот Кент за да се омажи за сега загинатиот терорист Џунаид Хусеин.

tr01

Со новиот развој на настаните, неа ѝ било доверено женското крило на баталјонот Анвар ал-Авлаки, сочинет од борци од англиското говорно подрачје. Задачата на оваа единица е планирање и извршување напади во нивните родни земји, и таа сега ги учи жените како да ракуваат со оружје и да извршуваат самоубиствени напади. Дезертер на ИД вели дека терористите ја почитуваат поради нејзиниот загинат маж, кој бил многу важен во нивната група.

tr02

„Преку нејзиниот пример сакаат да испратат пример до нивните важни фигури дека ќе ги почитуваат нивните семејства за кои ќе се грижат по нивната смрт“, вели тој. „Ум Хусеин е исто така влијателна на свој начин. Таа е причината зошто ИД успеа да регрутира доста девојки од Западот. Не е лесно да убедиш христијанка и рокерка да стане екстремист.“

tr04

Се верува дека 47-годишната Џонс регрутирала десетици жени преку социјалните медиуми пред нејзините сметки да бидат затворени.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено