Со нивните исончани и истетовирани екстремитети и носејќи обични шорцеви, маици и тренерки, лесно е да се претпостави дека руските хулигани одговорни за сиот тој хаос во Марсеј воопшто не се разликуваат од овдешниве, пишува Гај Волтерс. Но, изгледот може да излаже, бидејќи за разлика од неговиот мешлест и пијан британски соперник, рускиот фудбалски хулиган е навистина застрашувачка фигура.

ul01

Општо земено, тој е добро дисциплиниран и подготвен, во крајно добра форма, мускулест и политички мотивиран од екстремниот десничарски екстремизам. Еден руски мангуп вчера на Твитер многу добро ја изразил разликата: „Почит за руските хулигани. Вистински борци, а не дебели е**ни пијачи на Гинис.“

Не залудно Русите се познати како „Ултраси“ – израз кој првично означувал ултра-фанатични фанови на некој клуб каде било во светот, но кој сега сѐ повеќе се употребува за опишување на хулигани кои мислат само на тоа како да извршат екстремно дивјаштво, место да ѝ се восхитуваат на „прекрасната“ игра.

ul02

А се чини дека руските ултраси не само што се најзлобниот вид хулигани, туку се и најдобро организирани – делумно бидејќи многумина од нив имаат работа во униформа.

„Ние сме цврсти мажи, многумина сме од армијата и полицијата“, се пофали на Фејсбук еден „ултра“ наречен Јури. „Не меки англиски мажи во нивната Лакоста облека и женски чевли. Навивачи од сите клубови, од Москва, Санкт Петерсбург, од секаде и сите ќе бидеме на иста страна. Се тепаме во шумите и тренираме и се бориме на фудбалските натпревари. Англиските навивачи немаат шанси. Русија е број еден. И ние сакаме женски и пиво исто како и вие, но тепањето е на прво место.“

ul04

И како што стана вознемирувачки јасно на улиците на Марсеј, Руските ултрас навистина го сакаат тепањето. Вознемирувачки сцени како англиските навивачи се удирани по глава со столици или тепани додека лежат полуголи и беспомошни меѓу сите тие искршени шишиња, шокирани се дури и тие кои се навикнати големите фудбалски турнири да бидат засенети со хулиганство, пишува Волтерс.

ul05

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено