Британски туристи долетале до Халкидики радувајќи му се на претстојниот одмор во божемниот хотел со пет ѕвезди наречен „Принцеза од Сината Лагуна“ и кога пристигнале ги дочекал вистински шок – недовршени згради, багери и купишта земја наоколу.
Соба со поглед: ова е глетката која (не) им била ветена на британските туристи.
Туристите на Твитер се пожалиле дека на фирмата Томсон ѝ платиле 1000 фунти за недела одмор на одморалиштетот. Џес Вудхаус од Дербишир, твитува:
„Пристигнавме во нашиот божемен хотел со пет ѕвезди за да се соочиме со апсолутна катастрофа!!! Нѐ убедуваа дека хотелот ќе биде завршен! А таму има сериозни ризици по здравјето и безбедноста! Дефинитивно не е хотел со пет ѕцезди!!! Овој хотел и воопшто не треба да се отвора. Секој кој размислува да резервира во хотелот `Принцезата од Сината Лагуна` – избегнувајте!!!„
Сем Паско пишува:
„Денес пристигнавме во хотелот `Принцезата од Сината Лагуна` на Халкидики за да го поминеме нашиот меден месец и хотелот сѐ уште е градилиште и не е завршен.“
А човек по име Џо на сајтот на фирмата Томсон пишува:
„Зошто праќате луѓе во хотелот Принцезата од Сината Лагуна во Грција кога сѐ уште не е завршен?…Срамота!“
27-годишниот Роб Ор и неговата 25-годишна партнерка Џоди Буш допатувала во грчкото одмаралиште со нивната ќерка Медоу минатиот понеделник и кога пристигнале, градежните работници сѐ уште се шетале по хотелот во изградба.
И покрај тоа што им кажале дека „одвнатре хотелот е прекрасен“, мебелот во собите сѐ уште стоел завиткан во фолија.
Повеќе туристи постирале слики на Твитер на кои се гледа полузавршениот хотел во кој пристигнале.
За Дејли Мирор изјавиле:
„Насекаде имаше рушевини и тешка машинерија. Собите немаа врати и прозорци…работниците ставаа покрив на ресторанот.“
И покрај тоа што хотелот е полуизграден, сајтот на фирмата сѐ уште рекламира долга листа на причини поради кои би требало да престојувате таму.
„Каде и да се свртите, насекаде гледате луксуз. Замислете си ентериер како на страниците на `Elle Decoration`. Собите се супер-модерни, наместени со современ мебел и светли. Едноставно кажано, ентериер од кон нема да ви се излегува.“
По одложувањата, гостите се преместиле во други хотели во областа, а на некои им била понудена надомест. Од компанијата изјавуваат:
„Би сакале да се извиниме на малиот број наши муштерии кои беа погодени од оваа ситуација. Штом дознавме за ситуацијата, нашиот тим во соработка со хотелот сработи да се најде алтернативно сместување.“
Еве како хотелот бил рекламиран на вебсајтот на фирмата Томсон.