Payless Shoe Source е бренд кој како што кажува самото име „плати помалку“, нуди чевли по ниски цени кои можат да си ги дозволат сите луѓе.
Тие решиле да покажат дека луѓето ги купуваат производите само според брендот, а не според квалитетот и затоа смислиле интересен експеримент кој ги посрами „инфлуенсерите“.
Тие отвориле „луксузна“ продавница за чевли во поранешен бутик на Армани во Лос Анџелес. За да биде уверливо тие ја уредиле продавницата, ставиле голема статуа на влезот, а на чевлите кои им чинат најмногу 3.000 денари им ставиле екстремно скапи цени, од 35.000 денари. Сите чевли биле специјално изложени за „луксузот“ да биде видлив и на продавницата ѝ дале „модерно“ име „Палеси“.
Инфлуенсерите и помодарите „навалиле“ во продавницата и давале од 12.000 до 35.000 денари за чевли, кои можат да се најдат во Пејлес за 1.000 или помалку. Тие дури и ги фалеле чевлите дека се софистицирани и квалитетни. Во моментот кога им кажувале дека станува збор за евтини чевли сите купувачи се шокирале и засрамиле.
Од Пејлес си направиле одлична реклама, но и докажале дека луѓето повеќе обрнуваат внимание на марката, отколку на квалитетот на сите призводи кои ги купуваат, со мислење дека поскапите работи мора да се подобри.