Ремек-делото на Леонардо да Винчи од 16-тиот век, Мона Лиза е најпрепознатливото уметничко дело во светот. Што е тоа што е толку збунувачки за овој конкретен портрет? Што го направи „најдоброто дело, најпосетеното, најозбилното, најпародизирано уметничко дело во светот“? Зошто токму оваа дело е најдоброто меѓу останатите дела на ренесансниот човек Леонардо да Винчи. Најверојатно Ден Браун бил на добар пат со неговиот бестселер „Кодот на да Винчи“.

Критичарите, историчарите и обожавателите на Браун сè уште се расправаат за сè, од идентитетот на Лиза до тоа дали всушност се работи многу поголема слика која што била исечена поради некоја причина. Ова се 8-те мистерии поврзани со Мона Лиза.

8. Бременост


Најприфатената теорија за идентитетот на Мона Лиза е дека таа била жена на еден фирентински господин, по име Лиза дел Џокондо. Теоријата е дека прекрстените раце и малото стомаче укажуваат на тоа дека Лиза била бремена, исто така историските податоци покажуваат дека Лиза дел Џокондо била бремена со своето второ дете во тој период (некаде помеѓу 1503 и 1506). По направена 3Д слика од делото забележале гуарел(шал,превез) околу рамениците на Мона Лиза, кој често го носеле жените од италијанската ренесанса кога очекувале бебе или штотуку се породиле.

7. Таа не е проститутка

Пред да се добие податокот за Лиза дел Џокондо, многу верувале дека Мона Лиза била проститутка поради тоа што немала влакна. Немањето на влакна по лицето била карактеристика на проститутките во тоа време, наводно за да имаат по заводлив поглед, но исто така тоа било вообичаено и за младите немажени девојки, така што теоријата за проститутка е отфрлена.

6. Скриен холестерол


Д-р Вито Франко, од Универзитетот во Палермо тврди дека мистериозната насмевка на Мона Лиза е вушност знак за висок холестерол. Во тоа време да бидеш „буцкаст“ било одлика на луѓето од повисоката класа. Според гледиштето на Франко за портретот, Мона Лиза покажува јасни знаци на градење на масни киселини под кожата, предизвикани од премногу холестерол. Тој, исто така, смета дека можеби имала липом, или бениген тумор на масни ткива, во нејзиното десно око.

5. Веѓите и трепките


Овој аргумент помогна да се докаже дека Мона не е дама на ноќта. Паскал Кот, француски инженер и пронаоѓач кој истражува стари слики тврди дека Мона Лиза имала веѓи и трепки, но тие биле избришани додека се чистела сликата или пак биле повторно пребоени од Леонардо или некој друг. Во книгата „Животот на уметниците“ од Џорџо Васари се опишува дека Мона Лиза имала густи веѓи.

4. Божествена пропорција

Божествена пропорција или златен правоаголник со должина на страните во златен сооднос. Многу уметници и архитекти почнале да ги изработуваат своите дела во склад со златниот правоаголник, кој се сметал за естетски пријатен. Тој бил користен кај Пирамидите на Гиза, кај „Тајната вечера“ на Леонардо да Винчи и секако кај Мона Лиза.

3. Насмевка или не?

И по 5 века луѓето дебатираат за насмевката на Мона Лиза. Некои дури тврдат дека Леонардо и кажал шега додека сликал и таа не издржала и морала да се насмее. Маргарет Ливингстон од универзитетот Харвард смета дека насмевката е толку мала бидејќи е извлечена од „ниски просторни фреквенции“, што значи подобро би се гледала од далечина. Во 2005 година, холандските истражувачи развија компјутерски софтвер за „препознавање на емоции“, според кој насмевка на Лиза била 83% среќна, 9% згадена, 6% страшна, 2% лути, помалку од 1% неутрална и 0% изненадена.

2. Скриен код

Постојат букви и броеви кои можат да се видат во очите на Мона Лиза. На десното око ги има буквите ЛВ што е најверојатно Леонардо да Винчи. Додека на левото око е малку потешко да се дешифрира, се мисли дека се буквите ЦЕ или буквата Б. На мостот во позадината може да се види бројот 72, или пак тоа е можеби буквата Л и 2. Без оглед на тоа, не знаеме што значат сите овие букви и броеви, но тие се дефинитивно таму, и дефинитивно се мистериозни.

1. Скриената глава на коњ

Вушност се работи за слики во слика. Според Рон Пикарило, гледајќи ја Мона Лиза наопаку и следејќи ги најважните точки од нејзиниот портрет, ќе забележите форма на прашалник. Тоа е само првиот чекор доколку ја превртите на страна ќе откриете лавовска глава, мајмунска глава и биволска глава во позадина, нешто што останало незабележано од сите други цели петстотини години. Намалувањето и гледањето на сликата под одреден агол ќе ја засили оптичката илузија на насмевката, со што намсевката ќе биде поголема, како да ви честита за да гледате подлабоко во портретот.

Сподели на Facebook
пати видено