Бразилски новинар му прави интервју на Пеле. Новинарот прашува:
– Мислите ли дека репрезентацијата од 1970 година би можела да ја победи денешната репрезентација на Бразил?
– Да, убеден сум во тоа.
– Со каков резултат?
– Со 1 : 0.
– Само толку?
– Да, сепак имаме по 75 години.