Братот на починатиот наркобос, Пабло Ескобар, Роберто, му напишал писмо на Илон Маск во кој има неколку бизнис предлози за да ги „закопаат секирите“ од порано.
Всушност Роберто му бил лут на Маск затоа што технолошкиот магнат наводно му го украл патентот за неговиот пламенофрлач „Escobar Inc Flamethrower“. Според Роберто пред 2 години Маск потплатил вработен за да ја заврши валкатана работа. Но, секако сега Роберто има идеја како Илон да се искупи.
Сега Роберто му понудл на „паметниот гринго“ како што сака да го нарекува Маск, три решенија со кои ќе го остават минатото зад нив и ќе започнат „сериозен“ бизнис како тим.
Едно од тие решенија е тие двајца да основаат компанија за производство на медицинска марихуана или легална фармацевтска компанија наречена „Elon Escobar Drugs Inc“.
Во писмото пишувало: „Знам дека сакаш да пушиш. Јас и Пабло пушевме претходно. Можеме легално да продаваме дрога заедно во овие денови пријателе, јас знам сѐ за тоа. Лесен бизнис.“
Сепак тоа била само втората опција, првата опција била Маск да разговара со Доналд Трамп и да го убеди да го помилува Роберто. Зошто? Бидејќи основачот на Escobar Inc. сака да дојде во Америка и да изгради компанија заедно Илон за да „помогне Тесла да стане профитабилен“.
Третата опција била помалку великодушна: „Нема трето решение. Направи ги првите две и ние сме добри пријателе.“. Роберто го завршува писмото со: „Јас ќе чекам.“
Илон сѐ уште не одговорил на неговото писмо и неговите понуди и барања, но се надеваме дека добро ќе размисли пред да одлучи било што во врска со овој потенцијален „бизнис партнер“.